Командата на тајландската армија се закани денеска со интервенција на војската, доколку ескалираат политичките судирања во земјата.
Заканата доаѓа по убиството на тројца антивладини демонстранти и ранувањето на други 22 лица, што се случи во близината на Споменикот на демократијата во Бангкок.
Демонстрантите, сите подржувачи на опозицијата,го опседнаа седиштето на тајландскиот Сенат, притискајќи врз неговите членови да и забранат на сменетата премиерка Јинглук Шинаватра да се занимава со политика, откако државната антикорупциска комисија на обвини за корупција со субвенциите на фармерите за ориз.
Антивладинте демонстранти бараат од Сенатот и да ја распушти владата, која сега има првремен премиер, па наместо тоа,да се формира техничка владина администрација.
Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот врз опозициските демонстранти, но камповите на провалдините и на антивладините протести, имаат во своите редови вооружени поединци кои заговараат насилство и пресметка со противничката страна.
Противницие на Владата, претходно ја спречија закажаната седница на владата и на тајландската изборна комисија, околу закажаните вонредни избори во јули годинава, блокирајќи им го патот на членовите на комисијата.
Претходните вонредни избори беа одржани во почетокот од февруари, но подоцна тие беа поништени, затоа што во повеќе места на југот од земјата, каде се традиционално, гласачите на опозицијата, тие не се одржаа,или беа попречувани.
Во кусо соопштение, изборната комисија денеска сугерира одлагање на јулските избори, предупредувајќи дека не постојат услови за нивно одржување.
Војската досега одбиваше да се вмеша во силната политичка поделба на Тајланд, која уште од ноември минатата година, кога почнаа првите антивладини протести, предизвикува политичка криза и блокада на делувањето на политичкиот систем. Армијата последен пат интервенираше во 2006 година, кога го собори од власт избраниот премиер Таксин Шинаватра.
Во 2007 година, на изборите победија неговата партија,но на крајот од 2008 година, по силните анти Таксин протести,судот го забрани делувањето на владеачката партија, па на власт беше поставена опозицијата, која сега се обидува да го повтори старото сценарио.
Во периодот меѓу март и мај 2010 година, во Бангкок имаше силни про Таксин протесети, во кои преку 90 луѓе беа убиени, во уличното насилство што траеше десет недели.
Во јули 2011 година, се одржаа нови избори,на кои убедливо победи новата партија на Јинглук Шинаватра, сестра на Такисн, благодарејќи на силната поддршка на гласачите од северот на Тајланд и од руралните средини.