Тајландската преодна влада ги негира тврдењата на Амнести интернешанл

Од:

Соочена со потребата да ги намали критиките на поголем број држави поради преземањето на власта со воен удар, изведен на 22 мај годинава, тајландската хунта остро реагираше на извештајот на Амнести Интернешанл за регионот на Азија и Пацифик,  направен по повод 100 дена на воената управа во државата.

Во овој извештај хунтата се обвинува за нехуман однос кон лицата приведени под сомнеж дека организирале или подготвувале протести.

Портпаролот на Националниот совет за ред и мир, што е формалното име на воената хунта, побара Амнести Интернешанл да излезе во јавноста со факти, а не со претпоставки базирани на изјави на десетина противници на сегашниот режим.

Хунтата објаснува дека ни еден новинар, ниту политичар, што биле приведени на седумдневно испитување, не биле физички и психички малтретирани. Портпаролот на хунтата, полковникот Винтаи, покрај демантите за тортура, нагласи дека забраната за масовни собири и протести останува во сила, се додека не се стабилизира политичката состојба во државата.

Воената управа во Тајланд ќе трае најмалку до октомври идната година, за кога хунтата најави организирање на избори. Во меѓувреме, сегашната преодна влада, на чие чело е водачот на државниот удар, генералот Прајут Кан-ока и Националното законодавно собрание, назначено од хунтата, покрај другото, ќе подготват и нов Устав на Тајланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач