Тајландската полиција смета дека најмалку 10 лица се замешани во атентатот во Бангкок

Од:

Првиот човек на тајландската полиција денеска информира дека најмалку 10 лица се осомничени за атентатот во Бангкок, во кој загинаа 20 лица.

Тој прецизираше дека повеќе од половината од нив се странци, пренесоа британските медиуми.

Претходно полицијата соопшти дека најмалку три лица, вклучувајќи и еден странец, се замешани во нападот врз познатиот хиндуистички храм.

– Станува збор за голема мрежа. Во подготовката на нападот учествувале многу луѓе, рече шефот на полицијата Сомјот Пумпанмуан.

„Едни ги набљудувале улиците, други ја подготвиле бомбата и на крајот биле оние кои ја подметнале и знаеле како да се извлечат“, додаде тој. „Најверојатно биле најмалку 10 лица“.

Според него, криминалците атентатот го подготвувале речиси еден месец.

Претходно денеска Тајланд побара помош од Интерпол за наоѓање на извршителите на атентатот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач