Врховната воена команда на Тајланд денеска соопшти дека до вечерва очекува избештаи за состојбата во сите региони на државата, од кои ќе зависи дали утре Националниот Совет за мир и ред ќе донесе одлуки за укинување на вонредната состојба, прогласена веднаш по воениот пуч од 22 мај годинава.
Врховниот командант, генералот Прајут Кан-ока, кој сега е и претседател на преодната влада на Тајланд од регионалните воени команди посебно побарал проценка за тоа дали има политички и цивилни групи кои ја критикуваат работата на воената хунта.
Вонредната состојба хунтата делумно ја укина во Бангкок и неколку светски познати туристички центри. Според портпаролот на хунтата, вонредната состојба не влијаела многу на туристичкиот промет, една од водечките стопански гранки во Тајланд од која државата има речиси 20 посто од вкупните приходи на Тајланд.