Тајландската хунта и дозволи на Јинглук Шинаватра да патува во странство

Од:

Воената хунта во Тајланд, дозволи соборениот премиер Јинглук Шинаватра, да патува во странство, откако таа побара дозвола да ја напушти земјата.

Во барањето на Шинаватра се вели дека таа сака да престојува во странство од 20 јули до 10 август. Не се соопштува каде таа ќе патува, но се верува дека Јинглук ќе замине во Франција, каде престојува нејзниот брат Таксин Шинаватра, за да присуствува на одбележувањето на неговиот 65 роденден.

Претставник на хунтата објасни дека одлуката да и се дозволи на Јинглук да замине од Тајланд и покрај забраната што е воспоставена по воениот удар од 22 мај годинава, затоа што таа по нејзиното соборување се држи настрана од политиката и досега ги испочитувала сите одлуки и барања на воената власт.

Јинглук Шинаватра која беше легално избрана на последните парламентарни избори во земјата, пред два месеци беше соборена од власта со интервенција на војската, по неколкумесечната криза во земјата, што ја предизвика опозицијата барајќи премиерот и владата на поднесат оставка.

Таа се обиде да ја разреши кризата со организирање вонредни избори, но иако тие се одржаа, опозицијата успеа да го блокира и попречи гласањето во јужните делови од земјата, па Врховниот суд го поништи гласањето затоа што тоа не се одржа на целата територија на земјата.

Јинглук потоа беше обвинета за корупција, поврзана со субвенциите што владата им ги дава на фармерите за производството и откупот на оризот. Кога се закануваше дека може да дојде до жестоки судирања меѓу приврзениците на владата и на опозицијата, интервенираше војската која изврши воен удар.

Братот на соборената премиерка, Таксин Шинаватра исто така беше тргнат од премиерската функција, со воен удар во 2006 година. И тој беше обвинет за корупција со субвенциите, што опозицијата ги прикажува како средство за поткуп на гласачите, за кое целата држава плаќа висока цена, бидејќи тајландскиот ориз сега е најскап на светскиот пазар.

Таксин тогаш замина во странство, во како што самиот вели, доброволно прогонство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач