Тајландската хунта го укина полицискиот час во седум туристички центри

Од:

Тајландската воена хунта синоќа соопшти дека го укинува полицискиот час во уште четири туристички центри на југот на земјата. Одлуката е соопштена веднаш по телевизиското обраќањето на шефот на воената управа, генералот Прајут Кан-ока кој ги повика странските туристи  „да ја разберат ситуацијата и да ги почитуваат тајландските закони’’.

Полицискиот час, кој сега трае од полноќ до 4 часот наутро, важи за Бангкок и другите градови, а до сега нема информации дека тој не се почитува.

Пред три дена водачите на воената хунта најавија дека ќе преземат низа мерки за да не се намалат резултатите на туристичкиот промет кој, во последниве десетина година, остварува над 16 посто од БДП-то на Тајланд. Покрај другото, на државните службеници и просветните работници хунтата им понуди бесплатни туристички пакети кои вклучуваат превоз и еднонеделен престој во хотели со 3 и 4 ѕвезди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач