Суд во Бангкок денеска им изрече казни затвор од по две години на водачите на движењето „Жолти кошули’’ кои во 2008 година ги предводеа демонстрантите што го окупираа Парламентот и влегоа во просториите на Владата.
Осудените се раководители на групата официјално позната како Народна алијанса за демократија, проројалистичко движење основано за да се спротистави на „Црвените кошули’’, кои го поддржуваа кланот Шинаватра.
По овие демонстрации дојде до смена на тогашниот премиер Таксин Шинаватра, што беше вовед во бројни протести и чести крвави судири меѓу поддржувачите на „Црвените’’ и „Жолтите’’ кошули, кои беа прекинати со воениот удар на 22 мај минатата година.
Најпознато име меѓу осудените и новинарскиот магнат Сонди Лимтонгкул, за кого се сметаше дека е близок до кралското семејство и со раководството на воената хунта.