Водачот на тајландската воена хунта, преодниот премиер до евентуални нови избори, генералот Прајут Кан-ока јавно го искажа незадоволството од изјавите на помошникот државен секретар на САД Даниел Расел, кој изрази загриженост за состојбите на демократијата во Тајланд.
Прајут изјави дека не се точни американските оценки за импичментот против поранешната премиерка Јинглук Шинаватра бил политички мотивиран.
По налог на премиерот Прајут заменикот на шефот на тајландската дипломатија Дон Прамудвинаи остриот протест и го пренесе на американската амбасада во Бангкок, со оценка дека официјално изнесеното мислење на САД од страна на Расел „предизвикало болка’’ кај народот на Тајланд.
По државниот удар од 22 мај минатата година, што го изведе тајландската армија, САД, Австралија и повеќе држави на ЕУ, долгогодишни сојузници на Тајланд, ги замрзнаа дипломатските односи со Бангкок и ја откажаа и воената соработка.