Тајландската воена хунта не им проштева на противниците на актуелната власт, особено не на новинарите кои ќе се обидат да ја коментираат политичка состојба во државата.
Армискиот врв денеска потврди дека во саботата, вторпат е уапсен уредникот и издавач на списанието „Фа Диев Кан“ („Под исто небо“), Танапул Еваскут, кој на својот Фејсбук ги коментирал настаните во Тајланд.
По притворот од седум дена, угледниот тајландски новинар најверојатно ќе биде предаден на Криминалниот суд, каде што според упатствата на армијата за почитување на редот и мирот, може да биде осуден и до три години затвор.