Претставник на тајландското Министерство за одбрана денеска изјави дека државата се уште нема донесено конечна одлука со чии тенкови ќе бидат заменети веќе застарените американски М-41, купени веднаш по завршувањето на Војната во Виетнам.
Портпаролот, генерал Тантрава-них навести дека за набавка на нови тенкови ќе се одлучува во првата половина на годинава..
Најсериозна понуда за нови 51 тенкови од типот Т-90, Тајланд добил од Русија. За зделката вредна 260 милиони долари во Москва деновиве ќе преговараат претставницина тајландското Министерство за одбрана. Можно е зделката да биде официјализирана за време на посетатат на премиерот Прајут Кан-ока на Русија, закажана за идниот месец.
Тајланд во 2014 година постигна договор за купување 51 нови тенкови од Украина, но новите украински власти не обезбедија регуларна процедура за лиценцирање и набавката е откажана.
Покрај можноста Русија да ја снабди тајландската Армија со нови тенкови, во игра се и производители на овој тип воена опрема од Јужна Кореја и Кина.