Тајландската армија го суспендира Уставот на земјата, јавија светските агенции.
Уставот на земјата беше донесен во 2007 година.
Портпаролот на армијата изјави дека Уставот е времено суспендиран, со исклучок на делот поврзан со статусот на Тајланд како монархија.
Претходно командантот на тајландските вооружени сили, генерал Прајут Чан-оча во директно обраќање на државната телевизија соопшти дека армијата извршила преврат и ја презела власта со цел да воспостави ред во земјата и да ги спроведе реформите.
Прајут Чан-оча уверува дека превратот нема да влијае врз меѓународната позиција и односи на Тајланд.