Воената управа и привременото преодно Уставно собрание, како и преодната влада на чие чело се наоѓа првиот човек на државниот удар од 22 мај годинава, генералот Прајут Кан-ока ве целата идна година ќе раководат со Тајланд.
Тоа е општ заклучок на аналитичарите на состојбите во Тајланд и поширокиот регион на југоисточна Азија, кои се согласуваат дека по едногодишните крвави судири на улиците на Бангкок во главниот град и во целата држава се воспоставени мир и ред.
Првичните најави дека до август 2.015 година ќе се донесе нов Устав, а во октомври да се организираат избори, дефинитивно нема да се остварат. Завршувањето на уставните промени, можеби ќе заврши кон крајот на идната година, а изборите, според сите проценки, не ќе можат да се одржат пред март 2.016 година.
Поради бојкотот на државите од ЕУ, која прогласи замрзнување на контакти со Тајланд додека трае воената управа, блокирањето на финансиската поддршка за тајландската армија од страна на САД и делумни економски санкции што ги воведе Австралија, најмногу последици имаше моќната туристичка индустрија на Тајланд од која државата остварува една третина од вкупните приходи на државата. Недоаѓањето на вообичаените десетина милиони туристи од државите што препорачуваа нивните граѓани да го избегнуваат Тајланд делумно го компензираа кинески туристи.
Кина стана најголем економски партнер на Тајланд во 2.014 година. Конкретни договори за финансирање на осовременување на тајландските железници, со брзи пруги меѓу големите градови и кон Кина беа потпишани за време на трите средби на генаралот Прајут со кинескиот премиер Ли Киџанг, од кои две беа во Пекинг.