Тајландски официјални безбедносни претставници денеска дадоа согласност за почеток на мировните разговори со муслиманската бунтовничка група што е инволвирана во нараснатото насилство во јужните провинции од земјата , каде од 2004 година се убиени повеќе од 5.000 лица, пренесе ДПА.
Безбедносните претставниците и „Националните револуционери на Барисан“ потпишаа договор во Куала Лумпурм нњепосредно пред посетата на премиерот Јинглук Шинаватра на петтата Малезиско-Тајландска годишна средба.
Малезискиот премиер Наџиб Разак и Шинаватра очекуваат да ја проценат постојната соработка и да развијат нови иницијативи, соопшти малезиското МНР.
Лидерите се очекува да расправаат за напорите за промоција на мирот, стабилноста, просперитетот и поврзаноста во пограничниот регион, како и за соработката во работните односи, трговијата, едукацијата и туризмот.