Тајланд подготвува легализација на хомосексуалците и лицата од „трет’’ пол

Од:

Изготвувачите на новиот Устав на Тајланд, држава која од мај минатата година е под воена управа, соопштија дека во новиот највисок правен акт на земјата ќе бидат вклучени и правата на геј популацијата и на двополните лица, кои ќе добијат назив „трет пол“.

Со легализацијата, како што е соопштено, ќе треба да се охрабри оваа категорија жители да не ја кријат своите сексуална определба и да им се обезбеди фер третман во општеството.

Тајланд и другите држави во југоисточна Азија се познати по голем број припадници на геј популацијата, но општествата кон нив се однесуваат конзервативно.

Оние што јавно ги манифестираат своите склоности кон истиот пол тешко добиваат работа во „сериозниот’’ бизнис, но се многу барани и популарни во забавниот живот.

Сегашниот закон во Тајланд не ги легализира истополните бракови, а оние што живеат во вакви заедници немаат право да остварат социјално осигурување преку својот партнер. Истополните брачни врски не ги признаваат ни банките, а не им се дава можност во личните документи да го сменат полот.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога