Тајланд планира укинување на вонредната состојба во неколку провинции

Од:

Заменикот премиер во таландската преодна влада Висану Креа-нгам денеска најави дека во следниве денови Владата ќе донесе одлука за делумно или целосно укинување на законот за вонредна состојба во неколку провинции во државата.

Оценувајќи дека политичката и безбедносната ситуација во овие подрачја е стабилна, потпретседателот Креа-нгам нагласи дека тоа се прави и поради подобрување на економската состојба во државата и за зголемување на бројот на странските туристи, чиј број по воениот удар од 22 мај годинава се намалил за над 15 отсто.

Потврда за овој потег даде и министерот за внатрешни работи Анупонг Паокинда, кој рече дека од десетте одредби за вонредна состојба во земјата Владата може да задржи три.

Би останале на сила одредбите за забрама на масовни собири, вонредниот закон за борба против криминалот и цензурата врз медиумите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач