Тајланд ја поддржува кинеската иницијатива за обнова на „Патот на свилата“

Од:

Во Бангкок денеска заврши тридневната средба посветена на можностите на Тајланд да се вклучи во кинескиот проект за враќање на „Патот на свилата“, што треба да се оствари во првата половина на овој век.

Иницијативата ја промовира кинескиот претседател Кси Џинпинг, нагласувајќи дека создавање на регион „Еден појас, Еден пат“ ќе ја унапреди соработката на Пекинг со соседите, но и пошироко, до Блискиот Исток и Африка.

Обновувањето на „Патот на свилата“ во овој век ќе значи, пред се инфраструктурна модернизација и поврзување на државите од овој регион со современи патишта, брза железница и големи пристаништа и аеродроми.

Носител на огромните инвестиции во инфраструктурата, кои се проценуваат на над 300 милијарди долари само до 2022 година, ќе биде новооснованата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата – АИИБ. Почетниот капитал на новата банка, која ќе профункционира оваа есен, ќе биде 100 милијарди долари.

Покрај поголем број држави од Азија, кон новата АИИБ банка како основачи се придружија и Велика Британија, Германија, Франција и Италија. САД и Јапонија категорично го одбија членството, најверојатно затоа што новата банка ја сметаат за конкуренција на Светската банка и Азиската банка за развој, врз чие работење тие имаат контрола.

Влијателни уиверзитетски професори и дипломати од Тајланд и Кина, кои учествуваа на семинарот во Бангкок се согласија дека инфраструктурното поврзување на таканаречената „долна Азија’’ со Кина ќе бие најзначајниот проект кој регионот го води кон побрз економски развој, но и развивање и унапредување на односите на државите во регионот на сите полиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач