Тајланд ја отфрла можноста дека кинеските муслимани од племето Ујгур организирале подметнување на бомбата во Бангкок

Од:

Тајландскиот премиер, генерал Прајут Кан-ока денеска изјави дека бзбедносните сили му пренеле дека е малку веројатна претпоставката според која експлозивната направа во храмот во Бангкок е дело на припадницина кинеското муслиманско племе Ујгур. Оваа претпоставка се појави во медиумите и во социјалните мрежи и беше поврзана со одлуката на Тајланд минатиот месец да врати поголема група Ујгури бегалци во Кина кои таму ќе бидат судени за сепаратизам.

Генералот Прајут изјави дека не ја отфрла претпоставката дека зад бомбашкиот напад стојат сили поради кои армијата изврши државен удар во мај минатата година.

Во меѓувреме, тајландските власти трикратно ја зголемија наградата од 10.000 долари за информации кои ќе доведат до откривање на локацијата на осомничениот бомбаш.

Во експлозијата ва храмот Ераван загинаа 20 лица а над 100 се ранети. Храмот денеска, под силна полициска заштита, повторно е отворен за посетители, но за разлика од порано, има малку посетители на овој хам од Хинду религијата за кој се верува дека има чудесни моќи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач