Судот во Бангкок денеска издаде и формален налог за апсење на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше сменет со воен удар во 2.06 година, а од тогаш е во егзил во странство.
Криминалниот суд во Бангкок најде основа за апсење поради непојавувањето на Таксин пред суд, а беше обвинет дека во мај годинава на меѓународен собир во Сеул необјективно го критикувал најновиот воен удар, со кој во мај минатата година од премиерската позиција беше сменета неговата сестра Јинглук Шинаватра. Обвинението за лажна изјава го предложи армијата, а во меѓувреме на Таксин Шинаватра му е поништен дипломатскиот пасош, а тој сега има црногорски.
Тајланд има договори за екстрадикција само со неколку држави, така што е малку веројатно дека Таксин Шинаватра ќе престојува во држава која би го спровела налогот за негово апсење. Тајландските медиуми јавија дека поранешниот премиер сега живее во Дубаи.