Министерството за трговија на Тајланд денеска објави пакет мерки со кој ќе се стимулира извозот, особено на производите на тешката и металопреботувачката индустрија, земјоделските производи и храна, продукти од петрохемиската индустрија и накитот.
Амбциозниот план, кој предвидува остварување извоз во вредност од над 230 илијарди долари, го презентираше министер за трговија, генералот Чачаи Сарикалаја, кој е дел од тимот на премиерот Прајут Кан-ока.
Министерот соопшти дека минатата година, по воениот удар од 22 мај, дел од извозните компании беа соочени со блокада и бојкот од страна на САД, некои држави на ЕУ и Австралија, но повеќе се отвориле пазарите во регионот, особено кинескиот и јапонскиот.
Само од автомобилската индустрија, вклучувајќи гп производството на делови и гуми, Тајланд годинава ќе има извоз од над 53,6 милијарди долари, што е 20 милијарди повеќе од лани.
По минатогодишните 2,5 милијарди, од извоз на скапоцен накит и ракотворби, Тајланд годинава планира да оствари зголемување на 4,8 милијарди долари. Во оваа сума, како што рече министерот Сарикалаја не се вклучени производите од овој сектор што туристите ги купуваат во Тајланд, а нивната вредност е над пет милијарди долари.