Тајландскиот преоден Парламент денеска го усвои законот со кој во државата се забранува неконтролираното сурогат мајчинство, со што очекува да се стави крај на појавата за масовно најмување жени од оваа држава за сурогат – мајки.
Тајван во последните десетина години стана топ дестинација на новиот фертилити туризам за побогатите жители на Азија, Европа и Австралија, а во овој „бизнис’’ во кој најмалку заработуваа изнајмените мајки, функционираа десетина специјални болници, хотели и туристички агенции.
Масовната појава за изнакмување на млади Тајланѓанки за сурогат мајки често била на границите на хуманоста. Скандалите допреа до јавноста минатата година, кога беше откриено дека еден Јапонец оплодил 16 девојки, а бебињата ги препродавал. Во друг случај, брачена двојка од Австралија, чија изнајмена мајка родила близначки, одбиле да го преземе едното бебе од страв дека тоа има Даунов синдром. Австралијанците признаа дека за да добијат пород во Тајланд платиле 150.000 долари, а медиумите соопштија дека од болницата и посредниците мајката добила само 1.200 долари.
Сооштувајќи го новиот закон, претставникот на сегашните власти најави многу строги казни за прекршителите на законот.
Сурогат мајчинството Тајланд ќе го дозволува само во исклучителни случаи и со долга правна процедура. Покрај другото, идната изнајмена мајка не смее да биде помлада од 25 години, а брачната двојка која сака да добие пород на ваков начин не смее да биде двојка од иста раса.