Полицијата во јужното тајландско одморалиште Пукет соопшти дека најмалку седум лица се водат како исчезнати откако два брода, со повеќе од 130 туристи, се превртеле во немирното море.
Од едниот брод спасени се 90 луѓе, а седуммина се водат како исчезнати. На бродот имало кинески туристи.
На другиот брод имало 39 туристи од Кина и европските земји, кои биле принудени да го напуштат вториот брод, но сите се спасени.
Двете бродски несреќи не се поврзани.