Шест лица загинаа, меѓу кои и едно бебе, а повредени се 53 кога автобус падна во провалија на север на Тајланд, откако откажале кочниците.
Патниците изјавиле дека возачот свртувал неколку пати по кривините на планинскиот пат, пред да ја урне заштитната ограда и да падне во провалија во близина на провинцијата Питсанулок, 380 километри од Бангкок, пренесе „Франс прес“.
-Пет лица загинаа, двајца мажи и три жени, од кои една е Белгијка и едно седуммесечно бебе – изјави официјален претставник од полицијата.
Автобусот патувал од североисточната провинција Удонтани, кон главниот северен град Чианг Маи.
Меѓу повредените се и возачот на автобусот и мајката на загинатото бебе, која е во критична состојба.
Елена Георгиевска