Тајфунот Ноул ги затвори филипинските пристаништа

Од:

Филипинските власти денеска наредија да се затворат пристаништата во источниот дел на најголемиот остров Лузон, бидејки кон ова подрачје со брзина од 160 километри на час доаѓа тајфунот Ноул.

Тајфунот ќе предизвика бранови високи околу 2,5 метри, па и на жителите на источниот брег на северната половина од Филипинскиот архипелаг им се препорачува денеска и утре да не се доближуваат до морскиот брег.

Околу 6,000 бродови што превезуваат патници се укотвени во пристаништата, а и големите бродови на меѓународните линии се предупредени да превземат мерки за внимателност.

Метеоролозите најавуваат дека тајфунот Ноул во понеделник ќе се доближи до брегот на Тајван.

Филипините се островско подрачје кое најмногу е погодено од последиците што ги предизвикуваат тајфуните. Секоја година од последиците на невремето животот го губат стотици жители, а во најкатастрофалниот настан, супертајфунот Јоланда, во ноември 2013 година, загинаа 7.350 филипинци.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски