Тајфунот Неогури помина покрај Фукушима

Од:

Тајфунот Неогури кој оваа недела ја погоди Јапонија и зад себе остави повеќе жртви, оштетени и поплавени куќи го зафати и источниот брег на државата, каде што се наоѓа нуклеарната централа Фукушима, но не предизвика штети, соопштија официјални лица.

Како што пренесе „Франс прес“, вработените во Фукушима ги презеле сите неопходни мерки за заштита на централата од евентуално оштетување, но за среќа Неогури не остави никаков траг на тоа место.

Портпаролот на токиската електрична компанија, која раководи со нуклеарката соопшти дека е стабилна состојбата во Фукушима.

Официјални лица изјавија дека поради Неогури, се уште постои ризик од поплави и одрони, кој на почеток на неделава го погоди островот Окинава, поради што половина милион лица беа принудени да се евакуираат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија