Тајфунот на Филипините остави 27 загинати и 2,6 милиони луѓе без домови

Од:

Тајфунот Хагупит, што од саботата до вчера вечер беснееше над Филипините со брзина од 210 километри на час зад себе остави пустош во источниот дел на архипелагот, а официјално невремето преизвика смрт на 27 лица и без дом остави над два милиони жители. Националниот Црвен крст соопшти дека 11 лица загинале како директна последица од невремето и додава дека најмалку 41 лица се потешко повредени под урнатините од налеот на силниот ветар.

Филипинската агенција НПА соопшти дека во близина на пристаништата спасувачките екипи се уште се обидуваат да им помогнат на над 350 патнички и карго бродови оддувани подалеку од брегот, а на нив има 1.523 патници и членови на екипажот.

Овдешните и странските медиуми јавуваат дека и покрај тоа што Хагупит, на Филипините наречен „Руби“ е најсилниот тајфун годинава, властите и Црвениот крст покажале дури и неочекувана ефикасност со мерките за заштита на населението.

На Филипините е направена и првата проценка на штетите, што ја надминуваат бројката од две милијарди долари. Покрај уништените домови на 460.000 семејства огромни штети ќе има во земјоделството, бидејки невремето ги погоди насадите само две три недели пред бербата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски