Тајфунот Мајсак ја расипува прославата на Велигден на Филипините

Од:

Тајфунот Мајсак, кој кон филипинскиот архипелаг се доближува со брзина од 15 километри на час во ноќта меѓу сабота и недела ќе пристигне и до тлото на Филипините. Метеоролозите најавуваат бура со јачина на ветерот меѓу 150 и 160 километри на час, пропратена со силни дождови и лизгање на земјиштето.

Ова е причина властите да ги предупредат луѓето да не се препуштат комплетно на велигденската забава и да преземат неопходни мерки за заштита. Особено ќе се ризични подрачјата на островите што се блиску до морето, а тие се цел на голем број филипинци што ќе го прославуваат големиот верски празник.

Над 90 посто од сто милионската популација на Филипините се од католичка вероисповест. Католичката црква има огромно влијане во сите сфери на живеењето на Филипините, дури и во политиката.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски