Тајфунот „Данас“ ги одложи заедничките поморски маневри на САД, Јужна Кореја и Јапонија крај Корејскиот полуостров

Од:

За денеска планираните заеднички маневри на военопоморските сили на САД, Јужна Кореја и Јапонија крај Корејскиот полуостров, се одложени заради приближување на моќниот тајфун „Данас“, соопшти портпаролот на штабот на јужнокорејските военопоморски сили.

-Во моментов се спроведуваат консултации за да се донесе одлуката за одложување или целосно откажување од тридневните маневри, прецизира изворот.

Според синоптичките прогнози, тајфунот „Данас“ утре ќе удри врз јужните делови на Корејскиот полуостров.

На вежбите требаше да учествуваат нуклеарниот носач на авиони од Седмата американска флота „Џорџ Вашингтон“, како и јужнокорејски и јапонски ескадронски миноносачи, снабдени со противракетниот систем „Иџис“.

Претходно денеска Северна Кореја соошти дека нејзината армија е ставена во состојба на зголемена борбена готовност во врска со планираните заеднички маневри во Јапонско море.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски