Според најновите пресметки на ABI Research, iPad и понатаму е доминантен таблет на пазарот со 55% во третиот квартал од годинава, но компанијата изгуби дури 14% во предност на Android – поконкретно поради таблетите на Samsung, ASUS, и Amazon.
ABI предвидува дека новата сензација на Apple, iPad mini, нема многу да му помогне да си го врати пазарниот удел, бидејќи на пазарот водат 7 инчните таблети со Android.