СЗО: Загадувањето на воздухот во Европа чини 1,6 билиони долари годишно

Од:

Загадувањето на воздухот во Европа предизвикува голем број болести и е причина за илјадници смртни случаи, а владите на континентот ги чини 1,6 билиони долари годишно, соопшти Светската здравствена организација.

Загадениот воздух, според СЗО, претставува најголемата економска штета за земјите од Источна Европа.

Во Грузија трошоците поврзани со смртни случаи од загадување на воздухот достигнаа 35 отсто о БДП, ставајќи ја земјата на прво место според тој показатал.

Загадувањето предизвикува трошоци од една третина до една четвртина за земји како Србија, Бугарија, Украина и Киргистан.

Во 2010 година 600 илјади лица во 53 европски земји починале како последица на фините честички, кои ги емитуваат превозните средства и индустриските објекти, како и од горивата за затоплување на домовите, нагласи СЗО.

Загадувањето на воздухот предизвикува срцеви и белодробни заболувања.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт