СЗО: Од долгиот ковид се погодени 17 милиони Европејци

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони Европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти.

Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО.

Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци.

-Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

„Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.

СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).

Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Таравари: Има пораст на бројот на заразени со Ковид во државава, да се почитуваат препораките

Зголемен број заболени од Ковид-19, Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција

Пациентката е третирана по сите протоколи, вели Таравари за починатата пациентка од Ковид-19

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница