СЗО ја укинува поделбата на ендемични и не-ендемични земји во случаите со мајмунски сипаници

Од:

Светската здравствена организација ја укина, во својата статистика за мајмунски сипаници, поделбата на ендемични и неендемични земји, со цел подобро да го „унифицира“ одговорот на вирусот.

Вирусот, кој обично циркулира во Централна и Западна Африка, сега е присутен на неколку континенти.

„Ја укинуваме разликата помеѓу ендемични и неендемични земји и ги прикажуваме земјите заедно кога е можно за да го покажат единствениот одговор што е потребен“, се вели во соопштението за печатот на СЗО.

Од почетокот на годината до 15 јуни, во Светската здравствена организација биле пријавени вкупно 2.103 случаи, еден веројатен случај и еден смртен случај (во Нигерија) во 42 земји, се вели во соопштението.

На 23 јуни, СЗО ќе процени дали сегашната епидемија е итност за јавното здравје, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Европскиот регион е во центарот на ширењето на вирусот со 1.773 потврдени случаи или 84 отсто од вкупниот број во светот. Следи американскиот континент со 245 случаи или 12 отсто од вкупниот број случаи, Африка со 64 случаи и три отсто и источниот Медитеран со 14 случаи и западниот Пацифик седум случаи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска