Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.
Овој став е изграден на крајот од вториот состанок на Комитетот за итни случаи на вируси на СЗО.
-Досега во 75 земји од светот се пријавени повеќе од 16.000 случаи на мајмунски сипаници, соопшти генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.
Во моментов во светот има само уште две вакви здравствени итни состојби – пандемијата на коронавирусот и континуираните напори за искоренување на полиото.
Извор: МИА