СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте смртноста од Ковид-19

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа минатата недела се зголеми за пет отсто и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

СЗО додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекцијата на глобално ниво е зголемен за шест отсто. Од 3,3 милиони нови случаи – 2,1 милиони се регистрирани во Европа. Ова е седма недела по ред како расте бројот на нови случаи на инфекција со Ковид-19 во 61 земја од европскиот регион, што се протега од Русија до Централна Азија.

СЗО вчера соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус секаде во светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа. Оттаму додаваат, пренесуваат американските медиуми, дека бројот на нови инфекции во Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија од јули е во опаѓање.

Во Европа, најголем број нови случаи е забележан во Русија, Германија и Обединетото Кралство.

СЗО забележува дека смртноста од Ковид-19 во Норвешка е зголемена за 67 отсто, додека во Словачка за 38 отсто.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани