СЗО: Два нови смртни случаи како последица на мајмунски сипаници

Од:

Светската здравствена органзација соопшти за уште два нови смртни случаи од мајмунски сипаници, регистрирани после претходното ажурирање на податоците за болеста на 27 јуни.

„По претходните информации за појава на (мајмунски) сипаници на 27 јуни 2022 година, регистрирани се 2.614 нови случаи што е зголемување за 77 отсто, како и два смртни случаи“, се вели во извештајот на СЗО.

Според организацијата, од почетокот на годината вкупниот број смртни случаи од мајмунски сипаници се искачи на три, сите регистрирани во Африка.

Претходно СЗО соопшти дека повторно ќе го свика Комитетот за итни случаи за мајмунски сипаници, и тоа на 18 јули или порано доколку е потребно.

„Останувам загрижен за обемот и ширењето на вирусот“, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева, додавајќи дека досега се потврдени повеќе од шест илјади случаи во 58 земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска