Свобода: Романија и Бугарија може да влезат во Шенген зоната по евроизборите

Од:

Лидерот на социјалистите во Европскиот парламент, Ханес Свобода смета дека прашањето за влез на Бугарија и Романја во Шенген зоната може да се реши по изборите за Европскиот парламент, што ќе се одржат кон крајот на овој месец.

На прес-конфренција за време на посетата во романскиот округ Арџешт, Свобода изрази надеж дека по изборите за ЕП ќе биде донесена одлука за прием на Романија и Бугарија во Шенген зоната.

Тој посочи дека и двете земји ги исполниле техничките критериуми за прием во Шенген зоната.

Свобода изрази надеж дека до приемот во Шенген зоната Бугарија ќе успее да ги реши суштинските проблеми на бугарско-турската граница.

Во врска со Романија, тој истакна дека е потребно да се посвети специјално внимание на поефекасното интегрирање на Ромите во општеството.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Силен земјотрес ја погоди Романија

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија