По серијата напади, во кои загинаа најмалку 126 лица, бројни згради и споменици се осветлени во боите на француското знаме, јави Ле Монд.
Врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк денеска е осветлен во сино-бело-црвена боја, а ќе остане така и во следните денови, во чест на убиените во терористичките напади во Париз, најави гувернерот Ендрју Куомо.
Емпајер Стејт билдинг синоќа беше осветлен во сина боја, по што ги угаси сите светла и потона во мрак.
Градскиот совет во Сан Франциско, хотелот Омни во Далас и кулата во Торонто и статуата на Христос во Рио де Женеиро исто така е осветлена во боите на француското знаме.