Светските лидери на Денот на жената укажaa на насилство и дискриминација

Од:

Челниците на ОН, ММФ, ЕУ и светските лидери укажаа денеска на Меѓународниот ден на жената, оти ширум светот и натаму е раширен проблемот со насилството врз жените, како и проблемот за нивна дискриминација на сите животни полиња.

ОН оваа година Денот на жената го одбележуваат под слоганот „Ветување е ветување: Време е за акција да се оконча насилството врз жените“, а генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун порача дека неизбежно мора да се посвети внимание на годината на шокантни насилни злосторства против жените и девојчињата.

Бан укажа дека сите одделни инциденти од изминатата година „се дел од значително поголем проблем кој е присутен во практично секое општество и секоја област од животот“, порачувајќи дека оваа година „гневот треба да го претвориме во акција“.

– Објавуваме дека ќе процесуираме злосторства против жените и дека никогаш нема да дозволиме жените да бидат казнети поради злоставувањето кое го претрпеле. Повторно ветуваме дека ќе се бориме против оваа закана по глобалното здравје – во семејството, на работа во воените зони и мирните земји, рече Бан.

Бан истакна дека оваа седмица во Њујорк, во рамки на Комисијата за положбата на жените, се одржува досега најголемиот собир во ОН за ставање крај на насилството врз жените.

На прес-конференција во рамки на состанокот директорката на агенцијата на ОН за правата на жените Мишел Башеле истакна дека во окончување на „пандемијата“ на насилствот врз жените клучно е делувањето на владите.

Таа рече дека 187 држави ја ратификуваа конвенцијата за елиминирање на сите облици на дискриминација на жените и дека СБ на ОН сега го препознава сексуалното насилство како една од воените тактики, додека 125 земји донеле специјални закони кои казнуваат насилство во семејството.

Околу 603 милиони жени и натаму живеат во земји каде насилството во семејството не се смета за кривично дело, додека во многу земји законите кои го санкционираат тоа насилство, не се спроведуваат.

Директорката на ММФ Кристин Лагард укажа дека мажите и натаму доминираат на најодговорните функции во повеќето професии, а дека и натаму многу жени се соочуваат со основните предизвици -да го остварат правото на безбедност и самите да изберат живот каков што сакаат.

И високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон укажа дека насилството врз жените и девојчињата е феномен присутен насекаде во светот, кој ги надминува сите граници, националност, генерации.

Претседателот на ЕП Мартин Шулц оцени дека еднаквоста на половите постои само на хартија, иако претставува суштинска вредност на ЕУ и е од клучно значење за еконмскиот раст, просперитет и конкурентност.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски