Во Луганск е убиен четирикратниот светски шампион во кик бокс и шампион во ММА, Виталиј Меринов.
Тој беше волонтер во украинската армија од првите конфликти во Донбас во 2014 година. Како припадник на Националната гарда на Украина, Виталиј Меринов (32) учествувал во борбите од февруари 2022 година, кога бил ранет во ногата во областа Маринка. Откако се опорави, се врати на фронтот. Подоцна повторно бил ранет и починал во болница.
Виталиј Меринов е роден во Ивано-Франковск, град во југозападна Украина. На 15 години почна да се занимава со кик-бокс и веднаш покажа голем талент. Беше доминантен во својата земја, подоцна и на големите натпреварувања.
На крајот на кариерата политички се вклучи пред партијата УКРОП и беше член на Извршниот одбор на градскиот совет за урбанизам на Ивано-Франковск. Во 2018 година, тој беше првиот човек на боксерската асоцијација на регионот Ивано-Франковск.
Виталиј Меринов беше член на Десен сектор, украинска пронацистичка екстремно десничарска паравоена организација.