Светски ден за слобода на медиумите

Од:

Како основно човеково право слободата на изразување обезбедува услови за заштита и промоција на сите останати човекови права. Но, неговата примена не се случува по автоматизам, туку бара безбедна средина за дијалог каде сите ќе може да зборуваат слободно и отворено без страв од репресија.

Oва се вели во заедничката порака на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод 20 годишнината од одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите.

Годинашното мото под кое се одбележува овој ден е „Безбедно е да зборуваш: да се обезбеди слободата на изразување во сите медиуми“, а акцентот особено е ставен на прашањето за безбедноста на новинарите,  борба против неказнивоста на  дела против слободата на изразување и обезбедување слободен и неограничен пристап на интернет.

Според најновиот извештај на Фридом хаус објавен завчера, генерално во светот лани е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на светската популација, која живее во земји со целосно слободни медиуми паднал на најниско ниво во последните 16 години.

Македонија и натаму е во групата на делумно слободни земји. На листата од 197 држави 66 се оцененти за слободни, 70 како делумно слободни, а 62 земји се сметаат за неслободни.

Во Извештајот за најслободни се оценети медиумите во Норвешка и Шведска, а најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан.

Светскиот ден за слобода на печатот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се реафирмираат основните принципи на слобода на печатот, да се процени состојбата со слобода на печатот во светот, да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност и да се оддаде почит на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја нивната должност.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on