Светски ден против дијабетесот

Од:

Денеска, 14-ти ноември се одбележува Светскиот ден на дијабетес. Одбележувањето е во насока на зголемување на глобалната свест за дијабетесот, неговата стапка на зголемување низ светот и како да се спречи оваа болест во повеќето случаи. Оваа година кампањата се фокусира на децата и младите луѓе кои се движечка сила на пораките за превенција и продлабочување на едуцираноста. Целта е локалните заедници ширум светот да ја препознаат важноста од зголемување на колективна свест за ризиците и опасностите кои со себе ги носи дијабетесот.

Четиринаесетти ноември, како Светски ден за борба против дијабетот, започна да се одбележува од страна на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (СЗО).

Денот се одбележува на роденденот на Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест, го открија инсулинот во 1922. година, за третман на пациентите со дијабетес.

СЗО проценува дека повеќе од 346 милиони луѓе во светот имаат дијабетес. Се смета дека оваа бројка се повеќе ќе се зголемува до 2030 година. Речиси 80 отсто од лицата со дијабетес, завршуваат трагично. Тоа најчесто се случува во земјите со низок и среден приход.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска