Светски ден на борба против пушењето

Од:

„Не е воопшто тешко да се откажете од пушењето. Се откажував илјадници пати“, Марк Твен.

31. мај е светски ден на борба против пушењето кој се одбележува уште од 1987 година. Сите знаат дека пушењето цигари е штетно по здравјето на луѓето, но сепак многу тешко се откажуваат од оваа опасна навика.

Статистичките податоци укажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути, а вдишениот дим годишно им го скратува човечки животи многу повеќе отколку сообраќајните несреќи, алкохолот, пожарите, дрогата, сидата, самуоубиствата и убиствата заедно.

Шест милиони луѓе годишно умираат од цигари, меѓу нив се 600.000 пасивни пушачи.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека во светот пишат 1.1 милјарда луѓе, од кои околу 200 милиони се жени.

Официјално од 1 јануари 2010 година стартуваше имплементацијата на Законот за заштита од пушењето во Македонија и се забрани кршење на законот на јавни места. Страста да се запали цигара најчесто е потикната од влијанието на стресни ситуации на македонските граѓани, но важи и правилото дека кафето без цигара не се консумира.

700.000 македонски граѓани ја имаат оваа навика во Македонија. Годишно се трошат 11 тони цигари или 5,5 кг тутун по глава на жител. Во просек се трошат по 80 денари дневно за цигари односно 2.400 денари месечно или нешто помалку од 500 евра годишно.

Што ќе ве натера да се откажете од пушење? Вашите мислења и идеи оставете ги како коментар.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19

Македонците се најжестоки пушачи во регионот и Европа и меѓу првите десет во светот