Светската метеоролошка оранизација избира нови имиња за урагани

Од:

Организација која дава имиња на тропски бури и урагани соопшти денеска дека ги „повлекува“ имињата Ерик и Патриција.

Светската метеоролошка организација објави дека бурите во Атлантикот од сега ќе се викаат Елза и Џулијан, а Памела ќе се користи за катастрофи во источен Пацифик.

Организацијата го обновува списокот на имиња на секои шест години, што значи дека новите имиња ќе се користат до крајот на 2021 година.

Имињата на бури и урагани се повлекуваат кога природната непогода е исклучително смртоносна или катастрофална, па се смета за „безчуствително“ на помала бура да се даде  истото име.

Тропската бура Ерик предизвика смрт на 30 луѓе на карипскиот остров Доминика и на едно лице на Хаити, па затоа тоа име не се повторува.

Ураганот Хоакин однесе животи на 34 луѓ,е вклучувајќи и 33 члена на екипажот на товарниот брод Ел Фаро.

Ураганот Патриција остана запаметен како најсилен ураган во западната хемисфера.

Би можело да ве интересира

Годинава рекорден број урагани во Атлантикот

Жарко Настоски

Американски метеоролози: Сезоната на урагани над Атлантикот ќе биде над нормалата

А1он

Над Атлантикот почна сезоната на урагани

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ана Ололовска

Ураганот Флоренс ослабна до втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон

Ана Ололовска

Ураганите на Карибите и во Северна Америка осигурителни компании ќе ги чинат 200 милијарди долари

Наум Локоски