Светската банка соопшти денеска дека ќе помогне со околу половина милијарда долари за обнова на Непал по двата катастрофални земјотреси, во кои загинаа околу 9.000 лица и беа нанесени огромни материјални штети.
Двесте милиони од таа сума можат да се искористат за обнова на разурнати домови и куќи во руралните региони на земјата, а сто милиони ќе ги добие непалската Влада.
Според властите во Непал обновата по најголемата природна катастрофа, ќе чини околу 6,6 милијарди долари во наредните пет години.
Владата ги повика меѓународните донатори да учествуваат на конференцијата оваа недела со цел да се помогне на земјата.