Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Од:

Според проценката објавена од Обединетите нации, Европската Унија и Светската банка, ќе бидат потребни повеќе од 50 милијарди долари (47,8 милијарди евра) за обнова на Газа, која во голема мера е уништена во 15-месечниот конфликт меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Според Привремената брза проценка на штети и потреби (IRDNA), за обновување и реконструкција на Газа ќе бидат потребни 53,2 милијарди долари во следните десет години, а 20 милијарди долари ќе бидат потребни во првите три години, објави Ројтерс.

Годинешната работа за обнова на Газа ќе вклучува расчистување на неексплодирани убојни средства и милиони тони урнатини.

Во извештајот, објавен во време на прекинот на огнот кој започна минатиот месец, се предупреди дека сè уште не се создадени услови за започнување на големи работи за обновување и реконструкција во Газа, бидејќи не се знае како ќе се управува енклавата по војната и какви безбедносни аранжмани ќе бидат воспоставени.

ИРДНА објави дека повеќе од 292.000 домови во Газа се уништени или оштетени, и дека 95 отсто од болниците се нефункционални, додека локалната економија е намалена за 83 отсто.

Според проценките, ќе бидат потребни 29,9 милијарди долари за поправка на штетите на зградите, додека 19,1 милијарди долари ќе бидат потребни за да се компензираат социјалните и економските загуби, вклучително здравството, образованието, трговијата и индустриските сектори уништени од конфликтот.

Израелската кампања во Газа беше започната како одговор на нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој според израелски извори беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа земени како заложници.

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 48.000 луѓе загинале во операцијата на Израел, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

Загинаа додека чекаа хуманитарна помош во Газа

А1он

Најмалку 94 Палестинци убиени во Газа во последното деноноќие

А1он

Најмалку 67 деца починаа од глад во Газа

А1он

Седуммина убиени во израелски напад во Појасот Газа

Најмалку 20 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

А1он