Планот на САД за Газа предвидува „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција

Од:

Според американските воени планови за Појасот Газа, палестинската енклава би била поделена на „Зелена зона“, обезбедена од меѓународни и израелски трупи, а речиси сите Палестинци би биле преместени во „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција, изјавиле за Гардијан неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека има пристап до документи за американските воени планови за Појасот Газа.

Изворите велат дека САД планираат долгорочна поделба на Газа на „зелена зона“ под израелска и меѓународна воена контрола, каде што би започнала реконструкцијата, и „црвена зона“ која би останала во урнатини.

Изворите исто така велат дека странските сили првично би биле распоредени заедно со израелските војници во источна Газа и дека енклавата би била поделена со сегашната „жолта линија“ на разделување контролирана од Израел.

Прекинот на огнот во Појасот Газа стапи на сила на 10 октомври, а договорот е постигнат со посредништво на САД.

Би можело да ве интересира

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон