Светот пред постигнување на историски договор за климатските промени

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави дека денеска на министрите ќе претстави историски конечен нацрт за нов глобален договор за климатските промени, изразувајќи уверување дека тој ќе биде одобрен.

– По консултациите, утре во 9 часот на сите земји ќе го претставаам текстот што сум убеден, дека ќе биде одобрен и ќе претставува голем чекор за целото човештво, изјави Фабиус, додавајќи дека работата е до самиот крај.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, исто така, изрази уверување дека ќе биде постигнат амбициозен и силен договор, додавајќи дека преговарачите се уште работат на усогласување на одредени прашања, меѓу кои и за тоа кој ќе плати за штетите предизвикани од глобалното затоплување.

Фабиус синоќа претстави нов нацрт договор од 27 страници, што е за две страници пократок од претходната верзија.

Преговарачите се усогласија за долгорочната цел глобалното затоплување да се држи на значително ниво под два степени, како и цел на владите да биде што побрзо постигнување на договор за највисоко ниво на емисијата на штетни гасови.

Претставници од 195 земји работата на постигнување на договор на конференција во Париз за забавување на климатските промени и насочување на глобалната економија да биде помалку зависна од фосилни горива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска