Светот го осудува терористичкиот напад во Пакистан

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди самоубиствениот напад што вчера во пакистанскиот град Лахоре ги однесе животите на најмалку 60 лица, пренесува БТА.

Бан Ки-мун повика „извршителите на овој ужасен терористички акт што побрзо да бидат изведени пред суд“,  се наведува во коминикето на светската организација.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера изјави дека неговата земја е солидарна со Пакистан и дополни дека Париз е непоколеблив во својата желба насекаде да се бори со тероризмот, се посочува во коминикето на Елисејската палата.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф телефонски беше побаран од својот индиски колега Нарендра Моди, кој му изрази жалење.

Носителката на Нобеловата награда за мир, Пакистанката Малала Јусафзај, изјави дека е „погодена од ова бесмислено убиство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица