Новиот лондонски облакодер, кој поради обликот е наречен „Воки-Токи“ е прогласен за главен виновник за „растопените“ делови од автомобилот, кој бил паркиран во една околна улица.
Мартин Линдзи минатата недела во попладневните часови го паркирал својот „Јагуар“ на лондонската улица „Истчип“. Два часа подоцна се вратил и ги пронашол распотени деловите на неговиот автомобил, вклучувајќи ги ретровизорот и ознаката на произведувачот, јави Би-Би-Си.
Тој изјави дека не можел да поверува во тоа што го гледа и оти на ветробранското стакло имало оставено порака од компаниите, задолжени за изградба на 37-катната градба, од која се одбива светлина, која ја предизвикала спомената штета. Во пораката било побара од него да ги контактира.
Компаниите „Ленд Секјуритис“ и „Канару Варф“ потоа му ја надоместиле штетата.
– Свесни сме за проблемот поврзан со светлината, која се рефлектира од облакодерот и работиме на тој проблем. Како мерка на претпазливост Градот Лондон се согласи да ги затвори трите спорни места за паркирање, се додека подетално не ја истражиме ситуацијата, се наведува во заедничкото соопштение на „Ленд Секјуритис“ и „Канару Варф“.