Баптистичкиот свештеник Марк Рејли одлучи да им помогне на заборавените сопрузи.
Откако повеќе пати се нашол во непријатна ситуација при изборот на подароци за својата сопруга Дона, австралискиот свештеник одлучил да ги земе работите во свои раце и да си помогне себе си и на другите мажи кои ги имаат истите проблеми.
Од таа причина измислил апликација која ќе им помогне да дознаат што сакаат жените и полесно да ги надминат проблемите поврзани со годишнините и родендените.
Неговата апликација се вика „Legend Husband“ и во неа можат да се забележуваат основните „податоци“ за сопругата, како што се броевите на чевлите и градниците или најсаканото цвеќе. Секако, може да послужи и како потсетник за важните датуми.
При осмислувањето на апликацијата, Рејли се концентрирал на претходните искуства, односно на се она што „во минатото го направил погрешно“.