Суспендирана егзекуцијата на пакистанска христијанка осудена за „богохулство“

Од:

Пакистанскиот Врховен суд ја суспендираше егзекуцијата на Пакистанката Асја Биби, се до завршувањето на жалбената постапка што првпат и е дозволена.

Биби која и припаѓа на христијанската заедница, веќе пет години чека да биде егзекутирана, откако беше осудена на смрт за „богухулство“ и за навреда на пророкот Мухамед.

Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека Муслиманите кои ја обвиниле дејствувале врз основа на личниот впечаток и нивните гледања за религијата.

Ова е првпат досега, еден пакистански суд вака да реагира на обвинувањето за „богохулство“ што и дава надеж на осудената христијанка дека би можела да се спаси од смртната казна.

Асја Биби е првата жена во Пакистан која е осудена на смрт, врз основа на законот со кој се санкционира богохулството, а нејзиниот случај предизвикува бројни контраверзи во домашното општетство.

Повеќе илјади луѓе излегоа досега на протести против Биби, порачувајќи дека ако треба тие ќе ја убијат, доколку биде ослободена за извршеното „злосторство“.

Против неа се огласи и имамот во селото во кое живее, а нејзиниот сопруг и нивните четири ќерки живеат скривајќи се, затоа што постојано се изложени на закани дека сите ќе бидат ликвидирани.

Одлуката на Врховниот суд, која е донесена без да има сослушување, доаѓа откако пакистанскиот Виши суд, во октомври минатата година, ја потврди смртната казна.

Богохулството е тешко кривично дело во Пакистан и мошне чувствително прашање, но критичарите во оваа конзервативна, муслиманска земја го осудуваат постоечкото законодавство, според кое обвинувањето за вакво кривично дело може да се покрене само врз основа на тврдењето на оние кои обвинуваат, а како жртви најчесто се припадници на малцинските верски и етнички заедници.

Во Пакистан досега не е извршена смртна казна за богохулство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица